JPMorgan Chase најави дека во 2026 година ќе отвори повеќе од 160 нови филијали во над 30 сојузни држави, како дел од повеќемилијардна инвестиција насочена кон проширување на својата мрежа низ САД. Со ова, банката продолжува да го зајакнува своето физичко присуство на американскиот пазар.

Поголем дел од проширувањето ќе биде насочен кон држави како Северна и Јужна Каролина, Флорида, Пенсилванија, Канзас, Масачусетс и Тенеси, каде што се очекува значително зголемување на деловните активности.

Овој план претставува продолжение на стратегијата објавена во 2024 година, со која банката се обврза да отвори повеќе од 500 нови филијали во период од три години, објави Reuters.

Банката, која работи под брендот Chase и важи за најголема во САД, моментално има присуство во речиси сите сојузни држави, со исклучок на Хаваи и Алјаска.

Стратешката цел на JPMorgan е да достигне удел од 15 проценти во вкупните малопродажни депозити на американскиот пазар. Раководството оценува дека отворањето нови филијали е суштински чекор за зголемување на тој удел.

Извршната директорка за потрошувачко банкарство, Џенифер Робертс, посочи дека директното присуство на терен и проширувањето на нови пазари имаат клучна улога во растот на депозитната база.

Минатиот месец банката ги соопшти и финансиските резултати за четвртиот квартал, кои ги надминаа прогнозите на аналитичарите, поттикнати од силни приходи од тргување во услови на зголемена нестабилност на финансиските пазари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *