Мајкрософт“ ја освои титулата најдобар работодавач во светот за 2025 година според изборот на „Форбс“, благодарение на можностите за професионален развој и напредување што им ги нуди на своите вработени. Компанијата е пофалена за создавање работна средина која го поттикнува учењето, иновациите и тимската соработка. На второто место се најде американската авиокомпанија „Делта ер лајнс“, позната по одличната услуга за корисници и големите инвестиции во обука и развој на своите работници. Третата позиција ја зазеде технолошкиот гигант Alphabet, сопственикот на Google, кој е награден за континуирани иновации и подобрување на работните услови. Следат компании кои исто така се препознаени по својот фокус на вработените: Adobe се истакнува со поттикнување на креативноста, BMW со високите стандарди и иновации во автомобилската индустрија, а Nvidia е ценета по тимската работа и лидерството во графички процесори. На седмото место се најде јапонскиот гигант Sony, кој успешно ги привлекува талентите во секторите за забава, електроника и технологија, додека IBM и Apple заземаат осмо и деветто место, со акцент на долготрајност и високи стандарди за вработените. Листата ја заокружува данскиот производител на играчки Lego, препознатлив по балансот помеѓу работата и приватниот живот на своите вработени. Овој избор покажува дека глобалните лидери во различни индустрии се посветени на создавање на позитивна работна култура, поддршка на талентите и иновации, што ги прави атрактивни работодавци за луѓето ширум светот. Post navigation Грокипедија е тука: Маск ветува нова ера на онлајн енциклопедии Европската унија произведе 6 милиони тони тестенини: Италија доминира на пазарот