bar, ipad, mockup, business, computer, tablet, technology, mobile, google, search, google, google, google, google, google

Alphabet, матичната компанија на Google, сè побрзо се приближува до позицијата највредна компанија во светот, поттикната од силниот раст во секторот на вештачката интелигенција. Според аналитичарите и инвеститорите, компанијата успеала за краток период од релативно пасивен играч во ВИ-индустријата да се претвори во една од највлијателните сили во речиси сите клучни сегменти на технологијата.

Пазарната вредност на Alphabet достигна околу 4,8 трилиони долари, со што значително ја намали разликата во однос на Nvidia, која моментално вреди околу 5,2 трилиони долари. Само во последните шест месеци акциите на Alphabet бележат силен раст, а во април компанијата го имаше најдобриот месечен резултат уште од 2004 година. Од крајот на октомври наваму, вредноста на акциите на Alphabet порасна за 43 проценти, додека Nvidia забележа многу поскромен раст.

Инвеститорите сметаат дека Alphabet има предност бидејќи не зависи од еден сегмент на пазарот. Покрај доминацијата на Google Search, компанијата располага со силни бизниси како Google Cloud, YouTube и Waymo, а во меѓувреме значително го зацврсти присуството и во областа на вештачката интелигенција преку моделот Gemini. Alphabet е и еден од важните инвеститори во компанијата Anthropic, која стои зад AI моделот Claude.

Дел од аналитичарите предупредуваат дека Nvidia, иако останува лидер во производството на чипови за вештачка интелигенција, е повеќе изложена на ризици доколку глобалните инвестиции во AI-инфраструктурата почнат да забавуваат. За разлика од тоа, Alphabet има далеку пошироко присуство во дигиталната економија, што ѝ овозможува полесно да ги амортизира евентуалните падови во одделни сегменти.

Компанијата веќе еднаш накратко беше највредна во светот во 2016 година, кога ја надмина Apple. Денес, покрај Nvidia, зад Alphabet по пазарна капитализација се наоѓаат Apple, Microsoft и Amazon. Сепак, според многумина на Волстрит, токму комбинацијата од интернет услуги, cloud инфраструктура и агресивен развој на вештачката интелигенција може повторно да ја донесе Alphabet на врвот на глобалната технолошка индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *