„Клио“ на Renault ја надмина својата компактна форма и се издигна во лигата на повисоките класи со својата шеста генерација. Некогашниот слоган „Што останува за големите?“ сега изгледа речиси симболичен, бидејќи новиот „Clio“ значително порасна – долг е 4.116 милиметри, што е 67 милиметри повеќе и 39 милиметри поширок од претходната генерација. За споредба, тој е подолг за 30 сантиметри од „Renault 5“ и само малку пократoк од „Captur“, што го позиционира во границата на Б-сегментот и го приближува кон повисоката класа.

Поради значителното зголемување на димензиите, „Клио“ го менува својот концепт и дизајн – од некогашна компактна и универзална лимузина, станува автомобил што нуди повеќе простор, поголема присутност на патот и модерни технологија и опции. Во новата генерација, остана само името, додека сè друго е револуционерно – од дизајн, преку концептот, до цената. Овој пресврт ја продолжува долготрајната династија на „Клио“, која се одржува непрекинато од 1990 година.

Голем дел од производството се одвива во словенечката фабрика Revoz, каде што до неодамна се произведуваше и претходната генерација. Новата „Клио“ ги комбинира искуството и традицијата на брендот со современиот дизајн и функционалност, создавајќи автомобил што е подготвен да го задоволи вкусот и потребите на новата генерација возачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *