Инвеститорите на пазарот на обврзници сè повеќе стравуваат дека најголемите технолошки компании би можеле премногу да се задолжат во трката за доминација во вештачката интелигенција. Огромните инвестиции во податочни центри, чипови и AI инфраструктура бараат милијарди долари, а значителен дел од тие средства се обезбедуваат преку нов долг. Оваа загриженост повторно го активираше пазарот на кредитни деривати, односно договори за осигурување од неисполнување на обврските. Според податоци на Depository Trust & Clearing Corp., договорите за кредитна заштита поврзани со технолошки гиганти денес се меѓу најтргуваните инструменти во САД надвор од финансискиот сектор. Пред само една година, вакви договори речиси и да немаше за дел од овие компании. Зголемена активност се бележи кај договорите поврзани со Alphabet Inc., Meta Platforms Inc. и Oracle Corp.. Инвеститорите купуваат заштита во случај овие компании да се соочат со потешкотии во отплатата на долгот, додека други фондови ја продаваат таа заштита, проценувајќи дека ризикот и понатаму е низок. Проценките се дека глобалните инвестиции во вештачка интелигенција би можеле да надминат 3 трилиони долари во наредните години. Аналитичарите на Morgan Stanley очекуваат најголемите технолошки компании годинава да позајмат околу 400 милијарди долари, значително повеќе од претходниот период. Само Alphabet најави капитални инвестиции до 185 милијарди долари за развој на AI инфраструктура. Иако побарувачката за нивните обврзници засега е силна, дел од пазарот предупредува дека ентузијазмот може да доведе до потценување на ризикот. Колку повеќе расте долгот, толку повеќе расте и потребата од заштита преку кредитни деривати. Засега технолошките гиганти немаат проблем со финансирање, но прашањето што сè почесто се поставува е дали темпото на задолжување ќе остане одржливо ако пазарните услови се влошат или ако приносите од инвестициите во AI не ги оправдаат очекувањата. Post navigation Акциите на Walmart го издигнаа семејството Волтон во светската елита на богатството Големите играчи го стеснија просторот: VIVAX телевизорите се повлекуваат од производство