Данската фармацевтска компанија „Ново Нордиск“ соопшти дека покренала тужба против американскиот онлајн давател на здравствени услуги „Химс енд Херс“, обвинувајќи го за масовна продажба на поевтини, неодобрени копии од нејзиниот популарен лек против дебелина „Вегови“ на пазарот во САД. Според компанијата, ваквата пракса претставува сериозно кршење на патентните права и директно ги доведува во заблуда пациентите. Во тужбата, „Ново Нордиск“ бара судот трајно да му забрани на „Химс енд Херс“ да нуди таканаречени комбинирани верзии на лекови кои, како што тврдат, се базирани на нивната заштитена формулација. Дополнително, данскиот производител бара и финансиска отштета за настанатата штета, наведува CNBC. Генералниот правен советник на „Ново Груп“ за глобални правни прашања, Џон Кукелман, остро реагираше на ваквите активности, оценувајќи дека станува збор за „чиста измама“, особено откако заврши недостигот на оригиналниот лек. Тој нагласи дека спорните препарати не поминале соодветни клинички тестирања и дека нивната употреба може да ги изложи пациентите на сериозен ризик, бидејќи безбедноста, ефикасноста и квалитетот не се потврдени од американските регулаторни тела. Од „Химс енд Херс“, пак, најавиле дека планирале да понудат орална верзија на лекот по цена од 49 долари за првиот месец, што е значително пониско од цената на одобрената таблета „Вегови“ на „Ново Нордиск“, која е за околу 100 долари поскапа. Оваа ценовна разлика дополнително ја вжештува дебатата околу пристапноста на терапиите за слабеење и регулацијата на фармацевтскиот пазар во САД. Post navigation Бернар Арно ја подготвува иднината на LVMH со вклучување на синот Антоан во извршниот одбор Европската унија се подготвува за глобално финансиско присуство на еврото во време на слабеење на доларот