Be#Next 3 конференцијата во Скопје доаѓа со вистински експлозивен состав на гости кои ќе ве инспирираат, обучат и предизвикаат да размислувате поинаку за продажба, бизнис и инвестиции. На овој настан ќе имате уникатна можност да слушнете двајца вистински лидери во своите области – Драган Војводиќ, официјален Sandler тренер, и Благоја Блаже Здравев, врвен брокер за недвижности во САД. Драган Војводиќ е еден од најбараните и највлијателни sales тренери на Балканот, со повеќе од дваесет години искуство во продажба, развој на луѓе и лидерство. Неговата кариера започнува во компании како Porsche, Volvo и Raiffeisen Bank, но неговата вистинска страст го води кон создавање професионалци во продажбата кои размислуваат, одлучуваат и комуницираат како еднакви. Драган е автор на бестселери како „Хранити его или породицу“ и „Зашто златни орао лови вука“, книги кои не само што мотивираат, туку поттикнуваат на лични и бизнис одлуки. Неговиот метод ги комбинира најдобрите практики од психологијата и структурираниот Sandler систем, кој е присутен во над 300 центри во повеќе од 30 земји ширум светот. Sandler методологијата се базира на рамноправен однос со клиентот, јасна комуникација и почит, без притисок или манипулација – вистински систем за оние што сакаат да постигнат долгорочен успех во продажбата. На Be#Next 3 конференцијата ќе присуствува и Благоја Блаже Здравев, топ брокер за недвижности со искуство на американскиот пазар. Неговите стратегии и практични совети за инвестирање во недвижности, управување со портфолио и успех во меѓународни пазари ќе ви овозможат јасна визија како да ги претворите можностите во конкретни резултати. Присуството на Здравев го прави настанот уште повреден за претприемачи и инвеститори кои сакаат да ја разберат динамиката на глобалниот пазар и да научат како да носат информирани и смели одлуки. Be#Next 3 е настан создаден за сите кои сакаат да ја подигнат својата кариера и бизнис на ново ниво. Доколку сте претприемач, sales професионалец, лидер или некој што посакува долгорочна промена во начинот на размислување и работење, овој настан е вистинското место за вас. Еден ден исполнет со знаење, пракса, примери од реалниот бизнис свет и инспирација од експерти од врвот на своите области ќе ви овозможи да го обновите својот пристап кон продажба, инвестиции и деловни одлуки. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од настан кој ветува знаење, практични совети и мотивација од највисоко ниво. Регистрирајте се веднаш и осигурајте место за еден ден што може да го промени вашиот бизнис и начин на размислување. Регистрирајте се веднаш за Be#Next 3 конференцијата тука. Post navigation Инвеститорите на Волстрит се претпазливи додека потрошувачката во САД забавува Хајнекен најавува до 6.000 отпуштања и намалување на профитот во 2026