figures, statistics, money, world, continents, earth, globe, math, science, geography, philosophy, accounting, macroeconomics, economy, budget, statistics, math, math, math, math, math, macroeconomics, macroeconomics, macroeconomics, macroeconomics, budget

Еден од највлијателните современи економисти за глобализација и развој, Дани Родрик од Универзитетот Харвард, предупреди дека светската економија се наоѓа во период на длабока транзиција во која геополитиката сè повеќе ја заменува економската логика како главен водич за меѓународните односи. На 21-от Светски конгрес на економисти во Белград, тој изјави дека идниот глобален поредок би можел да се движи меѓу три можни сценарија, при што најверојатно сценарио, според него, е таканареченото „грдo“.

Родрик објасни дека аналитичарите најчесто разгледуваат три насоки на развој на глобалната економија, кои условно ги опишува како „добро“, „лошо“ и „грдo“ сценарио. Лошото сценарио, како што наведе, би подразбирало враќање на екстремен економски фрагментализам сличен на меѓувоениот период, со длабок пад на меѓународната трговија и силно затворање на економиите. Сепак, тој оцени дека таков развој е малку веројатен, бидејќи денешната глобална економија е премногу меѓусебно поврзана и трошоците од такво сценарио би биле исклучително високи, освен во случај на голем глобален шок или сериозен конфликт.

Поголема загриженост, според Родрик, предизвикува „грдото“ сценарио, кое тој го смета за најреално. Во тој модел, геополитичките тензии постепено би станале доминантен фактор во креирањето економски политики на глобално ниво. Наместо соработка и заедничка добивка од трговијата, меѓународните економски односи би почнале да се третираат низ призмата на ривалство и нулта сума, каде што добивката на една страна се перцепира како загуба на друга. Тој предупреди дека во такви услови економската размена може да стане инструмент на политичко и стратешко влијание, наместо механизам за заеднички раст.

Родрик додаде дека ваквиот развој не мора нужно да доведе до распад на глобалниот економски систем, но би резултирал со значително понапнат и помалку ефикасен поредок, во кој економските врски се повеќе се користат како средство за притисок.

Како трета можност, тој го посочи „доброто“ сценарио, кое го поврзува со принципите од периодот на Бретон Вудс. Во таков модел, би постоел поизбалансиран пристап меѓу националните економски интереси и меѓународната соработка, со поголемо внимание на социјалната стабилност и развојот, а не само на слободната трговија како цел сама по себе. Тој оцени дека токму ваквата рамнотежа меѓу домашните политики и глобалната економска интеграција би претставувала најповолен исход.

Според Родрик, светот моментално се наоѓа во преодна фаза во која сè уште не е јасно кој од овие правци ќе надвладее, но растечката улога на геополитиката во економските одлуки укажува дека идниот поредок најверојатно ќе биде далеку од стабилниот модел на глобализација од претходните децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *