Илон Маск и неговата компанија xAI ја претставија Грокипедија, нова онлајн енциклопедија која се најавува како конкурент на Википедија. Проектот е заснован на вештачка интелигенција и генеративниот асистент Грок, кој според Маск „бара максимална вистина“. Името Грокипедија произлегува од името на четботот Грок, а верзијата 0.1 веќе содржела над 885.000 дефиниции, иако тоа е далеку помалку од англиската Википедија со над седум милиони статии. Маск најави дека верзијата 1.0 ќе биде „десет пати подобра“ од сегашната и дека веќе ќе надмине делови од Википедија. Проектот се најавуваше кон крајот на септември, но стартот беше одложен за неколку дена со цел „чистење на пропагандата“ од содржините. Содржината на Грокипедија се генерира од вештачка интелигенција, но секоја страница цитира повеќе извори, додека софтверот е со отворен код и бесплатен за користење. Маск и неговите поддржувачи, вклучително и дел од десничарските критичари на Википедија, ја гледаат новата платформа како одговор на наводната политичка пристрасност на големата онлајн енциклопедија. Некои содржини на Грокипедија, како страницата посветена на Маск, веќе предизвикуваат внимание, бидејќи рефлектираат пристрасност, додека верзијата за други јавни личности била оценета како „неутрална и објективна“ од одредени критичари. Грокипедија предизвика контроверзии и порано, кога четботот Грок дал антисемитски изјави, кои компанијата ги припиша на техничка грешка во програмата. Сепак, Маск ја позиционира енциклопедијата како платформа која треба да го донесе „максимумот од вистината“ и да понуди алтернатива на она што тој и дел од критичарите го сметаат за „левичарски наклонета“ Википедија. Post navigation Празни магацини и растечки цени: пелетите го притискаат буџетот на граѓаните Форбс ги избра најдобрите работодавци: Мајкрософт на врвот, Делта и Google следат