Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека Илиас Пападопулос е новиот генерален директор за оперативни работи (Chief Operations Officer) и член на Управниот одбор на Банката, со мандат од една година. Именувањето е потврдено со Одлука на Надзорниот одбор бр. 87/2025 од 31 јули 2025 година, а по добивањето на согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, со Решение бр. 15-27627/9 од 27 октомври 2025 година. Пападопулос е дел од тимот на Стопанска банка од 2019 година, кога ја презеде функцијата главен директор за кредити, позиција во која даде значаен придонес во развојот на кредитното портфолио и унапредувањето на процесите во делот на корпоративното и деловното банкарство. Своето професионално искуство го градел во Националната банка на Грција (NBG), каде што започнал во 2006 година како менаџер за внатрешна ревизија, а подоцна ја извршувал функцијата раководител на меѓународни активности во секторот за кредитно банкарство. Богатото искуство во банкарскиот сектор, комбинирано со меѓународното образование, го позиционираат Пападопулос како професионалец со длабоко разбирање на финансиските системи и стратегискиот менаџмент. Тој е магистер по финансии и инвестиции од Бизнис школата на Универзитетот во Ексетер, Велика Британија, и дипломиран економист со почести од Универзитетот во Гринич – Лондон. Со ова именување, Стопанска банка го зајакнува својот менаџерски тим со експерти со меѓународно искуство и визија за понатамошен раст, стабилност и модернизација на банкарските услуги на македонскиот пазар. Post navigation Основните метали ја достигнуваат рекордната вредност: Бакарот го проби прагот од 10.000 долари Луксуз без граници: Белград на вода со најскап стан од 1,8 милиони евра!