Златните прачки се произведуваат во меѓународно стандардирани тежини, што им овозможува на инвеститорите да изберат по своја мерка – од симболична до сериозна долгорочна инвестиција. Најчесто, на пазарот може да се сретнат прачки од 1 грам, кои често се купуваат како подарок или влезна мини-инвестиција. Кај помалите инвеститори најзастапени се големините од 5 g, 10 g и 20 g, додека 1 унца (31,1 g) се смета за глобален стандард. Во понудата постојат и прачки од 50 g и 100 g, а за поголеми вложувања најчесто се избираат тежини од 250 g, 500 g и 1 килограм. Она што е карактеристично е дека помалите прачки имаат повисока цена по грам, затоа што трошокот за изработка и пакување носи поголем удел во конечната цена, пренесува bizlife. Post navigation Злато вредно 83 милијарди долари откриено под земја – светот во шок, Кина со нова моќ Глобалната неизвесност го клекнува „Heineken“ – продажбата на пиво паѓа во 2025