Компанијата Walt Disney планира да отпушти до 1.000 вработени во наредните недели, при што најголем дел од кратењата се очекува да го погодат маркетинг секторот, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на извори запознаени со плановите.

Според информациите, подготовките за овие мерки започнале уште пред Џош Д’Амаро да ја преземе функцијата извршен директор во март, што укажува дека станува збор за дел од поширока стратегија за рационализација на трошоците. И покрај најавените отпуштања, тие ќе опфатат помалку од еден процент од вкупната работна сила на компанијата, која на крајот на фискалната 2025 година броела околу 231.000 вработени.

Паралелно со намалувањето на бројот на вработени, новиот главен маркетинг директор Асад Ајаз спроведува реорганизација на маркетинг активностите на ниво на целата компанија. Планот, кој интерно се води под кодното име „Project Imagine“, има за цел обединување на маркетинг функциите и зголемување на ефикасноста преку намалување на трошоците.

Овие чекори се дел од пошироките напори на Disney за прилагодување на работењето во услови на променлива медиумска индустрија и зголемен притисок врз профитабилноста. Компанијата засега официјално не ги коментира информациите, а извештаите за планираните отпуштања сè уште не се потврдени од нејзина страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *