Оваа сабота во Скопје – предавање што отвора едно поинакво прашање за успехот: Колку од она што го бркаме навистина го сакаме, а колку го правиме за да се докажеме пред другите?

На 26 септември, во Музејот на македонската борба, за првпат во Скопје гостува Зоран Салопек со предавањето „Психологија на успех“.

Салопек е автор на книгите „Небодер на животот“ и „Его, љубов, вистина“ и основач на Меѓународниот институт за емоционална зрелост, а низ неговите предавања досега поминале илјадници луѓе од регионот.

Во Скопје ќе зборува за теми со кои многумина секојдневно се соочуваат – потребата постојано да се докажуваме, споредувањето со другите, трката по следната цел и чувството дека дури и кога ќе го постигнеме она што сме го сакале, задоволството трае премногу кратко.

Како да препознаеме кога егото зборува наместо нас? Што навистина значи емоционална зрелост? Зошто понекогаш самите си ги создаваме проблемите од кои подоцна се обидуваме да избегаме? И како да го пронајдеме сопствениот пат наместо да го следиме оној што ни го нацртале другите?

Токму околу овие прашања ќе се движи „Психологија на успех“.

Салопек зад себе има необичен професионален пат – од врвен менаџмент, финансии, инвестиции и сопствени компании, до одлуката да се повлече од тој свет и да се посвети на темите поврзани со личниот развој и емоционалната зрелост.

Неговата порака е дека успехот и внатрешниот мир не мора секогаш да одат заедно и дека постигнувањето повеќе не значи автоматски и поголемо задоволство.

Настанот е дел од Be#Next серијата, која досега собрала повеќе од 1.000 посетители.

📅 Сабота, 26 септември
📍 Музеј на македонската борба, Скопје
🎤 Зоран Салопек – „Психологија на успех“

Местата се ограничени.

Купи карта на https://benext.mk/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *