london, palace, architecture, nature, tourism, buckingham palace, gardens, darling, clouds

Британскиот крал Чарлс Трети ќе стане првиот монарх во модерната историја на Обединетото Кралство кој ќе ја обелодени својата лична даночна сметка, потег кој се оценува како значаен чекор кон поголема транспарентност на кралското семејство. Информацијата ја пренесува BBC, а објавата се очекува во четврток како дел од годишните финансиски извештаи на кралската куќа.

Според изворите од Бакингемската палата, одлуката е лично донесена од кралот и претставува продолжување на неговиот пристап за поголема отвореност кон јавноста. Со објавувањето ќе бидат достапни податоци за даночните придонеси на монархот за претходната фискална година 2024/25, вклучително и даноци поврзани со приходите од Војводството Ланкастер, како и од неговите приватни инвестиции и имоти.

Меѓу нив се и кралските резиденции и имоти како Сандрингам и Балморал, кои се дел од поширокиот приватен имотен портфолио поврзан со кралското домаќинство.

Бакингемската палата соопшти дека оваа одлука е дел од поширок процес на модернизација и подобрување на транспарентноста, со цел јавноста подобро да ја разбере финансиската одговорност на монархијата. Од таму нагласуваат дека институцијата продолжува да се прилагодува на современите очекувања и стандарди за отчетност.

Кралот Чарлс и претходно, во периодот кога беше принц од Велс, редовно објавуваше податоци за износите на данок што ги плаќа, но ова е првпат како монарх да се направи ваков чекор во рамки на целосната кралска финансиска структура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *