moon landing, buzz aldrin, america, 1969, flag, space suit, moon walk, moonwalk, astronaut, space wallpaper, gray moon, gray walking, gray wallpaper, iphone wallpaper, moon landing, moon landing, moon landing, moon landing, moon landing, astronaut, astronaut, astronaut, astronaut

НАСА планира до крајот на 2026 година да реализира три нови мисии кон Месечината како дел од програмата Moonbase, со која американската вселенска агенција сака да постави основа за долгорочно човечко присуство надвор од Земјата. По успешното завршување на мисијата Artemis II во април, фокусот сега се префрла кон тестирање на нови технологии, лендери и лунарни возила што треба да ја подготват идната фаза од истражувањето на Месечината.

Според прелиминарниот распоред што го објави НАСА, првата мисија, Moonbase I, би требало да биде лансирана во есента 2026 година. Во рамки на оваа мисија ќе се користи лендерот Blue Moon Mark 1 Endurance на компанијата Blue Origin, кој ќе носи научни инструменти и камери за детално проучување на површината на Месечината. Целта е да се соберат податоци за условите на теренот и да се тестираат системи што ќе бидат клучни за идните човечки мисии.

Втората мисија, Moonbase II, е планирана за подоцна во текот на годината и ќе го вклучи лендерот Griffin на компанијата Astrobiotic. Со него на Месечината ќе биде испорачан роверот FLIP, развиен од Astrolab. Овој ровер ќе служи за тестирање на нови решенија за движење и работа на лунарен терен, а собраните податоци треба да помогнат во развојот на идни возила за истражување на Месечината.

Третата мисија, Moonbase III, ќе се реализира пред крајот на 2026 година со помош на лендерот Nova-C Trinity на компанијата Intuitive Machines. Во рамки на оваа мисија ќе се истражуваат таканаречените лунарни вртлози – необични геолошки формации на површината на Месечината – а ќе биде испорачан и научен товар за Европската вселенска агенција и Корејскиот институт за астрономија и вселенска наука.

Паралелно со овие мисии, НАСА продолжува со договорите за развој на лунарни ровери и лендери. Компаниите Astrolab и Lunar Outpost добија договори вредни повеќе од 200 милиони долари за развој на нови лунарни теренски возила, додека Blue Origin е задолжена и за транспорт на оваа опрема до Месечината.

Американската агенција веќе го заврши тестирањето на првата генерација лендери на Blue Origin, а во тек е и подготовка на нов прототип наменет за идни мисии со екипаж. Иако враќањето на астронаутите на површината на Месечината е одложено до 2028 година, НАСА продолжува со интензивни подготовки за следната ера на лунарни истражувања.

Пред повторно испраќање луѓе на Месечината, агенцијата планира и дополнителни беспилотни мисии, меѓу кои и MoonFall, чија задача ќе биде детално испитување на идните локации за слетување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *