Passionate Portuguese soccer fans celebrating outdoors with flags and face paint.

Властите во американските сојузни држави Њујорк и Њу Џерси започнаа истрага за процесот на продажба на билети за претстојното Светско првенство во фудбал, откако дел од навивачите се пожалиле дека не ги добиле местата за кои платиле.

Истрагата ја водат државните обвинителки Летиција Џејмс од Њујорк и Џенифер Дејвенпорт од Њу Џерси, кои соопштија дека издале судски налози (subpoenas) за проверка на цените и начинот на дистрибуција на билетите од страна на ФИФА, како и на можни измами или погрешно информирање на купувачите.

Според нивните наводи, првичната мапа на седишта за стадионот MetLife во Њу Џерси прикажувала четири одделни зони, но подоцна биле креирани нови категории откако дел од билетите веќе биле продадени. Како резултат на тоа, некои навивачи добиле седишта значително подалеку од теренот или зад головите, иако првично платиле за подобра позиција.

Stadium MetLife ќе биде домаќин на осум натпревари од турнирот, вклучувајќи го и финалето на Светското првенство кое ќе се одржи во јули. Турнирот започнува на 11 јуни и ова ќе биде првпат САД да бидат домаќини на Мундијал од 1994 година.

Обвинителките истакнаа дека навивачите имаат право на транспарентен и фер систем за продажба на билети, особено со оглед на високите цени кои веќе предизвикаа реакции во јавноста.

И гувернерката на Њу Џерси, Мики Шерил, изјави дека државата е горда што го организира натпреварувањето, но нагласи дека нема да се толерира злоупотреба на навивачите и посетителите.

ФИФА, која се очекува да оствари приходи од околу 11 милијарди долари од турнирот, засега одби да даде официјален коментар за случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *