A futuristic humanoid robot in an indoor Tokyo setting, showcasing modern technology.

Норвешкиот стартап за роботика 1X Technologies, поддржан од OpenAI, отвори нов производствен капацитет во Калифорнија со амбиција да стане еден од првите компании што ќе произведуваат хуманоидни роботи за широка потрошувачка на индустриско ниво. Фабриката, сместена во Хејворд, се простира на околу 58.000 квадратни стапки и е изградена за релативно краток период, со цел да овозможи брзо зголемување на производството.

Според најавите од компанијата, во првата година се планира производство на околу 10.000 роботи, додека до 2027 година целта е да се достигне бројка од 100.000 единици. Во меѓувреме, 1X работи и на изградба на уште поголем производствен центар во Сан Карлос, каде што во иднина ќе биде преместено и седиштето на компанијата, откако минатото лето беше префрлено од Норвешка во Пало Алто.

Компанијата веќе го привлекува вниманието со својот хуманоиден робот „Neo“, кој е достапен за претнарачка по цена од околу 20.000 долари. Овој модел се издвојува по својот мек, човеколик дизајн и е наменет за извршување домашни задачи како средување и одржување на домаќинството. Роботот има можност за комуникација и учење нови вештини со текот на времето, а во иднина се очекува да има примена и во грижата за постари лица.

Новиот производствен погон е дел од пошироката стратегија на компанијата за поголема самостојност во производството. Наместо да се потпира на надворешни добавувачи, 1X инвестира во вертикална интеграција, односно самостојно производство на клучни компоненти како мотори, електроника и батерии. Овој пристап овозможува побрз развој на производите и полесно воведување подобрувања врз основа на податоците што ги собираат самите роботи.

Во глобални рамки, пазарот на хуманоидни роботи сè уште е во рана фаза, но бележи растечко внимание и значителни инвестиции. Повеќето вакви уреди моментално се користат во индустриски средини, додека нивната примена во домаќинствата е сè уште ограничена. Истовремено, доминацијата во производството ја држат кинеските компании, што го прави развојот на вакви капацитети во САД релативно редок.

Основачот на 1X, Бернт Бøрнич, смета дека хуманоидните роботи би можеле да достигнат поширока употреба во општеството за релативно краток период, можеби дури и во наредните неколку години. Сепак, тој нагласува дека за да се постигне тоа ќе биде потребна значителна работна сила и внимателен пристап во развојот и производството.

Иако визијата е амбициозна, од компанијата велат дека се обидуваат да останат реални во очекувањата и да не создаваат преголеми ветувања. Преку транспарентен пристап, вклучително и прикажување на реалните производствени процеси, 1X сака да ја доближи технологијата до јавноста и да покаже дека развојот на хуманоидните роботи сè уште бара значителен човечки ангажман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *