Lucid Motors повика над 4.000 Gravity SUV поради проблем со појасите
Lucid Motors се соочува со нов предизвик по неодамнешните подобрувања во квалитетот на своите Gravity SUV модели, откако компанијата повика на сервис повеќе од 4.000 возила поради проблем со безбедносните појаси.
Според информациите доставени до Националната управа за безбедност на патиштата во јануари при рутински безбедносни тестирања било откриено дека дел од сидриштата за појасите на вториот ред седишта не биле правилно заварени, што го зголемува ризикот по патниците при сообраќајна незгода.
Lucid Motors го објасни проблемот со промена во процесот на производство од страна на добавувачот на седишта, која била направена без известување или одобрување од страна на компанијата. Добавувачот се вратил на оригиналниот дизајн од Lucid, а на повикот се подложни само SUV возила произведени пред 14 февруари 2026 година.
Компанијата соопшти дека сите возила опфатени со повикот ќе бидат инспектирани, при што во зависност од квалитетот на заварувањето ќе се инсталира нов носач или целосно ново седиште. Овој потег е дел од напорите на Lucid да ги зајакне стандардите за безбедност и доверба во своите модели.