Компанијата за вештачка интелигенција xAI, основана од Elon Musk, се соочува со сериозни кадровски промени откако и последните двајца коосновачи ја напуштија фирмата. Според извештаи на Business Insider, Мануел Кроис и Рос Нордин се повлекле од компанијата, со што практично ниту еден од првичните 11 коосновачи повеќе не е дел од нејзиниот тим.

Кроис, кој ја водеше работата на предтренинг моделите, наводно веќе ги информирал соработниците за своето заминување, додека Нордин ја напуштил компанијата неколку дена подоцна. Двајцата имаа директна комуникација со Маск и важеле за клучни фигури во развојот и оперативното управување на стартапот.

Овие заминувања доаѓаат во период кога Маск јавно призна дека компанијата не била поставена оптимално во својата почетна фаза и дека сега се спроведува темелна реорганизација. Во меѓувреме, xAI стана дел од поширока корпоративна структура по нејзиното интегрирање со SpaceX, со што под ист чадор се најдоа и платформата X.

Според информациите, Нордин претходно работел во Tesla и бил вклучен во клучни одлуки по преземањето на Twitter во 2022 година, вклучително и процесите на реструктурирање и отпуштања. Овие искуства го позиционираа како еден од најблиските соработници на Маск во повеќе негови бизниси.

Иако официјални детали за причините за заминувањата не се објавени, серијата промени укажува на турбулентен период за xAI, кој се совпаднува со амбициите за редефинирање на стратегијата и позицијата на компанијата во брзо растечкиот сектор на вештачка интелигенција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *