Старите конзоли и телевизори ќе останат без „Netflix“ од март 2026
Милиони корисници ширум светот наскоро ќе останат без пристап до „Netflix“ на старите уреди. Почнувајќи од 2 март 2026 година, стриминг услугата ќе престане да работи на околу 87 милиони уреди, а на некои постари телевизори прекинот ќе започне на 4 март. Корисниците веќе почнаа да добиваат известувања дека услугата нема да биде достапна по почетокот на март.
Најголем удар ќе почувствуваат сопствениците на конзолите „Sony PlayStation 3“, кои со години беа меѓу најдолготрајно поддржаните уреди за стримување. Иако производството на „PS3“ заврши во 2017 година, милиони корисници сè уште го користат за гледање серии и филмови на „Netflix“. Одлуката е продолжение на претходната политика на компанијата, кога беше прекината поддршката за првата генерација на уредите „Amazon Fire TV“.
Главната причина за престанокот на поддршката е техничкиот развој на апликацијата. Старите системи не можат да ги поддржат новите, посложени верзии на софтверот, што го прави неопходен префрлувањето на посовремени уреди за непречено користење на услугата.
Корисниците кои сакаат да продолжат да гледаат содржина на „Netflix“ мора да се префрлат на понови телевизори, компјутери, конзоли или мобилни уреди пред наведениот рок. Оваа промена се случува во време кога „Netflix“ продолжува да ја проширува и подобрува својата понуда, а корисниците мора да ги следат техничките иновации за да имаат непрекинат пристап до популарните серии и филмови во иднина.