Извлекувањата на средства од иранските крипто-берзи нагло се зголемија веднаш по нападите на САД и Израел врз Иран во саботата. Според Chainalysis, средствата кои ја напуштиле иранската крипто-инфраструктура достигнаа повеќе од два милиони долари само во првиот час по нападите.

Британската компанија Elliptic наведе дека од најголемата иранска берза Nobitex во еден час биле префрлени 2,89 милиони долари, што е околу осумкратно зголемување споредено со претходниот ден. Вкупно, од саботата до понеделникот, од иранските берзи се извлечени околу 10,3 милиони долари.

Истражувачите велат дека овие податоци ја илустрираат растечката улога на криптовалутите во Иран. Трансакциите често се зголемуваат по геополитички шокови, а во 2025 година обемот на крипто-трансакции во земјата се проценува на 8 до 11 милијарди долари.

Точниот идентитет на оние кои ја префрлиле средствата не е познат, бидејќи крипто-валетите се псевдонимни. Chainalysis истакнува дека дел од средствата веројатно се обични Иранци кои реагираат на растечки ризик, додека други можат да бидат префрлувања од берзите или активности на државни актери.

Elliptic додава дека средствата најчесто се испраќале кон странски крипто-берзи, што може да се толкува како капиталско бегство од Иран. TRM, пак, смета дека активноста на Nobitex укажува повеќе на финансиски стрес отколку на системско бегство на капитал.

Меѓународниот монетарен фонд наведува дека криптовалутите се уште сочинуваат мал дел од глобалниот финансиски систем, но нивната употреба се очекува да расте во земји со нестабилни валути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *