Милијардерот и инвеститор Винод Хосла предложи дека во наредните децении дури 125 милиони Американци би можеле да бидат ослободени од плаќање данок на доход, поради тоа што вештачката интелигенција ќе го замени голем дел од работните места. Тој предлага владата да ги компензира загубените приходи преку зголемување на данокот на капитална добивка, со што речиси 80 проценти од даночните обврзници би биле ослободени од обврската за плаќање данок на доход.

Хосла на Платформа X истакна дека растот на вештачката интелигенција ќе бара преиспитување на капитализмот и еднаквоста и предложи елиминирање на одредени даночни олеснувања за да се помогне во покривањето на буџетскиот дефицит. Тој, исто така, посочи дека можеби ќе биде потребно воведување на универзален основен приход за Американците со пониски приходи чији работни места ќе бидат заменети од автоматизацијата.

Во видеа споделени од Хосла се прикажуваат бројни професии кои веќе биле заменети со вештачка интелигенција, вклучувајќи лични асистенти, финансиски аналитичари, лекари, сметководители и агенти за поддршка на клиенти. Според Извештајот за иднината на работните места на Светскиот економски форум за 2025 година, до 2030 година вештачката интелигенција ќе елиминира околу 92 милиони работни места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *