Британската нафтена и гасна компанија Zephyr Energy соопшти дека била жртва на финансиска измама во која околу 700.000 фунти (речиси 1 милион долари) биле пренасочени од една од нејзините американски подружници кон сметка контролирана од хакери.

Во официјално соопштение до Лондонската берза, компанијата наведе дека инцидентот се случил кога плаќање наменето за изведувач било нелегално пренасочено кон погрешна банкарска сметка. Zephyr Energy посочи дека моментално соработува со банките и со надворешни консултанти во обид да ги врати средствата.

Иако компанијата не откри детали за начинот на нападот, ваквите случаи најчесто се поврзуваат со таканаречени „business email compromise“ напади, во кои хакери добиваат пристап до електронска пошта или сметководствени системи и потоа ги менуваат банкарските податоци во процесот на плаќање фактури. Според последниот годишен извештај на ФБИ за сајберкриминал, ваквите напади остануваат меѓу најчестите причини за големи финансиски загуби, со над 3 милијарди долари штета во 2025 година.

Од Zephyr Energy наведуваат дека инцидентот е ограничен и дека не влијаел врз тековното работење на компанијата. Тие додаваат дека иако користеле стандардни безбедносни практики во своите системи за плаќање, по нападот вовеле дополнителни безбедносни мерки за заштита од слични ризици во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *