Русија привремено го суспендираше извозот на амониум нитрат, што дополнително ја намалува глобалната понуда на ѓубрива за земјоделство, веќе погодена од војната во Иран. Министерството за земјоделство соопшти дека извозот е стопиран од 21 март до 21 април, при што испораките според меѓувладини договори се исклучени од мерката. Целта, како што наведуваат од министерството, е да се обезбеди приоритетна снабденост за домашниот пазар за време на пролетните работи на полјата и непречено одвивање на активностите, со оглед на зголемената побарувачка за азотни ѓубрива на глобално ниво.

Овој потег доаѓа во време кога глобалните текови на ѓубрива се нарушени поради конфликтот во Иран. Проточниот канал Хормуз, клучен за транспортот од Персискиот Залив кон отворено море, е практично затворен од крајот на февруари, со што се загрозува приближно една третина од светската трговија со ѓубрива. Дополнителен притисок врз снабдувањето создаваат и ограничувањата на Кина, најголемиот производител на хранливи материи, која исто така ги намали извозните количини.

Проблемите со снабдувањето се особено сериозни бидејќи земјоделците во Северната хемисфера обично го зголемуваат нанесувањето на ѓубрива за време на пролетната сеидба. Недостатокот на достапни количини може да предизвика зголемена конкуренција за ограничените залихи, со што растат трошоците за фармерите, а во крајна линија тоа може да се одрази на повисоки цени на храната.

Русија, вториот најголем светски производител на ѓубрива, учествува со околу 20 проценти од глобалната трговија со хранливи материи. Лани земјата произведе 28,9 милиони тони азотни ѓубрива, но веќе го ограничи извозот за да го приоретизира домашниот пазар. Од 1 декември 2025 до мај оваа година, е поставена извозна квота од околу 10,6 милиони тони азотни ѓубрива, вклучувајќи амониум нитрат, при што најголем дел од извозот се однесува на уреа.

Дополнително, капацитетот за производство на азотни ѓубрива во Русија е погоден и од војната во Украина, бидејќи фабриките се често цел на дронски напади. Фабриката Dorogobuzh, која произведува околу два милиони тони азотни ѓубрива годишно, беше оштетена од пожар кон крајот на февруари по напад за кој Москва обвини дека е изведен од Украина и се очекува да остане неактивна до м

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *