OpenAI работи на развојот на својот прв хардверски производ, со кој компанијата планира да влезе на пазарот на паметни уреди. Според информации од извори запознаени со проектот, станува збор за пренослив паметен звучник без екран, создаден да биде личен асистент кој ќе ја користи вештачката интелигенција за секојдневна комуникација и извршување задачи. Новиот уред нема да биде класичен паметен звучник, туку ќе функционира како дигитален придружник што ќе комуницира со корисникот на природен начин, ќе ги анализира неговите навики и ќе се обидува однапред да ги предвиди потребите. Целта е да понуди поинтуитивно искуство и да стане централен дел од секојдневниот живот во домот. Основата на системот ќе биде технологијата ChatGPT, комбинирана со најновата гласовна платформа GPT-Live, која овозможува значително поприроден разговор во споредба со денешните виртуелни асистенти. Благодарение на оваа технологија, уредот ќе може истовремено да слуша и да одговара, водејќи непрекинат разговор со корисникот без потреба од повторно активирање за секоја наредна команда. Покрај одговарањето на прашања, се очекува уредот да управува со паметни домашни системи, да репродуцира музика, да испраќа пораки, да организира дневни обврски и да извршува низа други задачи со помош на вештачката интелигенција. Компанијата верува дека ваквиот пристап ќе овозможи многу поприродна интеракција меѓу луѓето и технологијата. Со овој проект „Опен еј-ај“ прави значаен исчекор надвор од развојот на софтвер и првпат се насочува кон создавање сопствен хардвер. Потегот се смета за дел од пошироката стратегија на компанијата да ја интегрира вештачката интелигенција во секојдневните уреди и да понуди нов начин на користење на дигиталните услуги. Иако проектот сè уште е во фаза на развој, интересот е голем бидејќи со неговото лансирање „Опен еј-ај“ директно би влегол во конкуренција со производите и гласовните асистенти на технолошките гиганти како Apple, Amazon и Google. Засега компанијата не открива кога уредот би можел да биде официјално претставен, ниту какви ќе бидат неговите конечни технички карактеристики, но очекувањата се дека ќе понуди понапредно и поприродно искуство во комуникацијата со вештачката интелигенција. Post navigation Од луксузна дестинација до европска Силициумска Долина: Големите планови на Марбеља Колку навистина ве чини автомобилот месечно? Горивото е само мал дел од вистинската сметка