Во време кога инвеститорите сè повеќе размислуваат глобално, а новите можности за раст се отвораат надвор од традиционалните пазари, значајна улога имаат компаниите што нудат сигурно водство низ светот на меѓународните инвестиции. Еден од луѓето што активно го гради тој мост е Бојан Петровски, основач и извршен директор на Capital Solutions Group.

Со повеќе од десет години искуство како експерт и консултант за бизнис развој, продажни стратегии и интернационална експанзија, Петровски е активен член на повеќе меѓународни организации, стопански комори и бизнис асоцијации. Под негово водство, Capital Solutions Group се развива во меѓународна компанија која нуди услуги во областа на недвижностите, финансии и бизнис консалтинг.

Во ова интервју разговараме за почетоците на компанијата, потенцијалот на глобалните пазари, иднината на инвестициите во недвижности и лекциите што го обликувале неговиот претприемачки пат.

Што беше моментот или одлуката што те натера да ја започнеш Capital Solutions Group и да влезеш во светот на меѓународни инвестиции во недвижности?

Почетната идеја зад Capital Solutions Group беше едноставна да создадеме меѓународна компанија која ќе биде партнер на обичниот човек. Размислувавме што им недостига на граѓаните во секојдневието и каква поддршка им треба на компаниите во нивното функционирање. Во текот на работата сфатив дека сè повеќе луѓе од Македонија и регионот бараат можности надвор од локалниот пазар, но им недостасува сигурен партнер кој ќе ги води низ целиот процес.
Моментот кога одлучив да ја насочам компанијата кон меѓународни инвестиции беше кога видов колкав потенцијал имаат пазари како Дубаи, Шпанија, Бали, САД но и Балканот за инвеститори кои размислуваат долгорочно. Денес нашата мисија е да им овозможиме на клиентите пристап до внимателно избрани проекти со висок потенцијал за раст, додека целиот процес го правиме едноставен, транспарентен и безбеден. Во делот на меѓународни недвижности, меѓународни финансии и консталтинг.

Како изгледа реалниот процес на работа на Capital Solutions Group – од избор на пазар и проект, до затворање на инвестиција со клиент?

Нашата работа започнува многу пред клиентот да го направи првиот чекор. Континуирано
анализираме различни пазари, ги следиме економските показатели, инфраструктурните
инвестиции, законските регулативи и потенцијалот за раст на вредноста на недвижностите.
Кога ќе избереме пазар, правиме детална селекција на проекти и работиме исклучиво со проверени инвеститори и девелопери. Со секој клиент прво правиме анализа на неговите цели – дали бара бизнис релокација, капитална добивка или втор дом. Потоа подготвуваме персонализирана стратегија и го водиме низ целиот процес: од избор на имот, финансиско советување и правна поддршка, па сè до потпишување на договорот со партнерите и пост продажните услуги. Нашата цел не е да продадеме недвижност, туку да изградиме долгорочна доверба и да станеме првата адреса на која клиентот ќе се обрати и за следната инвестиција.

Што го поттикнува растот на интересот за меѓународни инвестиции во недвижности и кои пазари ги гледаш како најдобра можност во следните 5 години?

Инвеститорите денес се многу поинформирани отколку пред неколку години. Тие бараат диверзификација, заштита од инфлација и пазари кои нудат стабилен принос и сигурна регулатива. Недвижностите остануваат една од најстабилните форми на инвестирање, а меѓународните пазари отвораат можности кои често не се достапни локално.
Верувам дека во следните пет години најголем потенцијал ќе имаат Дубаи, поради силниот економски раст, големите инфраструктурни инвестиции и даночните поволности, како и одредени региони во Шпанија, особено на медитеранскиот брег, каде побарувачката од меѓународни купувачи континуирано расте. Бали станува сериозен “играч на теренот“ со огромен раст. Интересни можности гледаме и на делови од Балканот, каде туризмот и странските инвестиции создаваат нов циклус на развој.

Што е клучната идеја зад организацијата на Capital Real Estate Roadshow и што сакате луѓето да разберат и понесат со себе по завршувањето на настанот?

Capital Real Estate Roadshow е создаден со идеја да го доближиме светот на меѓународните инвестиции до луѓето на еден транспарентен и практичен начин. Наместо клиентите сами да патуваат и да истражуваат различни пазари, ние ги носиме светските инвестициски можности директно пред нив. Ќе започнеме од Македонија и ќе продолжиме во Белград, Загреб, Подгорица, Тирана и можеби Атина. Подоцна и во цела Европа.
Нашата цел не е само да презентираме проекти, туку да едуцираме. Сакаме посетителите да разберат како функционираат глобалните пазари на недвижности, кои се ризиците и можностите, како се анализира еден проект и што значи да се инвестира стратешки. Ако по настанот некој си замине со поголема финансиска и инвестициска писменост и со појасна визија за својата иднина, тогаш сме ја постигнале целта.

Како се справувате со скептицизмот на инвеститорите и кои се најважните ризици што секој треба да ги разбере пред да инвестира во странски недвижности?

Скептицизмот е сосема природен, особено кога станува збор за инвестиции во друга држава. Ние никогаш не се обидуваме да го намалиме тој страв, безразлика дали е логичен или не е, туку да го замениме со информации и факти. Транспарентноста е најдобриот начин да се изгради доверба.Најважно е инвеститорот да го разбере квалитетот на девелоперот, правната рамка на пазарот, реалните очекувања за принос и временскиот хоризонт на инвестицијата. Не постои инвестиција без ризик, но постојат процеси со кои ризикот може значително да се намали, детална анализа, проверени партнери и професионално водство низ секој чекор. Нашата улога е токму тоа: да му помогнеме на клиентот да донесе информирана и сигурна одлука.

Како мислиш дека вештачката интелигенција (AI) ќе го промени пазарот на недвижности и начинот на кој компаниите како Capital Solutions Group ќе работат во следните 5 години?

Верувам дека AI нема да ги замени луѓето во недвижностите, но ќе ги замени оние што не го користат. Во следните пет години ќе гледаме многу попрецизни анализи на пазари, автоматизирано следење на трендови, подобро предвидување на инвестициски потенцијал
и многу поефикасна комуникација со клиентите.
Во Capital Solutions Group веќе гледаме на AI како на алатка што ни помага побрзо да обработуваме информации и да креираме подобро клиентско искуство. Подготвуваме и наша дигитална АI платформа и аплиација, прва од ваков тип во регионот. Но, во инвестициите сè уште најголема вредност ќе имаат довербата, човечкиот однос и способноста да се разбере вистинската потреба на клиентот. Технологијата ќе го забрза процесот, но одлуките и партнерствата и понатаму ќе се градат меѓу луѓе. Да не заборавиме, луѓето купуваат од луѓе.

Која е најважната лекција што ја имаш научено како претприемач и како таа денес го обликува твоето лидерство и начинот на кој ја водиш Capital Solutions Group?

Најважната лекција што ја научив е дека долгорочниот успех никогаш не се гради преку краткорочни победи, туку преку конзистентност и луѓе. Нашата компанија денес функционира со тимови во 16 држави во светот и повеќе од 300 консултанти. Компанијата може да има добра стратегија и добар производ, но без силен тим и без култура на доверба, тешко може да расте. Денес моето лидерство се базира на тоа да создадам средина во која луѓето имаат простор да се развиваат, да преземаат одговорност и да размислуваат претприемачки. Верувам дека вистинскиот лидер не е оној што има најмногу одговори, туку оној што создава тим способен заедно да ги најде најдобрите решенија. Ако треба да ја издвојам една мисла што ме води во бизнисот, тоа е дека најголемите можности најчесто се појавуваат во периоди на неизвесност. Токму затоа, наместо да ги следиме трендовите, се стремиме да ги препознаеме пред тие да станат очигледни за сите. Тоа е филозофијата врз која денес се гради и расте Capital Solutions Group.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *