Jon Prosser објави ново видео на својот YouTube канал „fpt.“, во кое го прикажува, како што тврди, финалниот дизајн на идниот iPhone 18 Pro. Иако во последните години поретко споделува информации за новите уреди на Apple, Просер и понатаму важи за еден од најпознатите неофицијални извори кога станува збор за протечени детали и рани визуелизации на производите на компанијата. Неговите објави повторно привлекоа големо внимание, особено по неодамнешните контроверзии поврзани со Apple и откривањето на Liquid Glass дизајнот преку уред кој наводно бил користен од поранешен вработен во компанијата. Во најновото видео, Просер ги обединува досегашните информации и гласини за iPhone 18 Pro во детална анимација што го прикажува можниот конечен изглед на уредот. Според прикажаното, Apple и оваа генерација нема драстично да го менува дизајнерскиот правец, а најзабележлива визуелна промена ќе биде дополнителното намалување на Dynamic Island. Сепак, најголемите новини се очекуваат кај камерите. Според информациите што ги споделува Просер, главната камера би можела да добие варијабилен отвор на блендата, технологија што автоматски ќе ја приспособува количината на светлина во зависност од условите на фотографирање. Ваквиот пристап би овозможил подобри резултати при фотографирање во различни светлосни услови, како и понапредни ефекти за длабочина и портрет фотографија. Иако Apple сè уште официјално нема откриено детали за iPhone 18 Pro, видеото повторно ја разгоре дебатата околу идните промени што компанијата ги подготвува за својата премиум линија смартфони. Post navigation Microsoft и Discord ги поврзуваат своите претплати за гејмерите Google го претвора Google Photos во дигитален гардеробер со вештачка интелигенција