Caucasian woman with helmet adjusting straps while sitting on a bicycle in a suburban neighborhood.

Германскиот производител на автомобили Porsche одлучи да ја укине својата компанија Porsche eBike Performance, вклучително и нејзината подружница во Загреб, како дел од поширока стратегиска промена со која се фокусира на своето основно автомобилско работење. Одлуката доаѓа поради променети пазарни услови во сегментот на електрични велосипеди, поради кои компанијата оценува дека проектот веќе нема долгорочна одржливост.

Загрепската компанија, која последниве години работеше под капата на Porsche, првично произлезе од развојот на Greyp е-велосипедите во сопственост на Мате Римац, а подоцна влезе во структурата на Porsche преку аквизиции. Во проектот, кој опфаќаше активности во Германија и Хрватска, биле вработени околу 350 луѓе.

Од Porsche објаснуваат дека одлуката е дел од пошироко реструктуирање и прилагодување на деловниот модел, при што компанијата се повлекува од одредени споредни развојни правци. Извршниот директор Мајкл Лајтерс истакна дека компанијата мора повторно да се насочи кон своето основно работење, нагласувајќи дека болните резови се неопходни во актуелните пазарни услови.

Затворањето не се однесува само на сегментот на е-велосипеди. Porsche истовремено ја затвора и технолошката компанија Cetitec, која развиваше специјализиран софтвер за комуникациски системи за Porsche и Volkswagen групацијата. Со оваа одлука се засегнати околу 90 вработени во Германија и Хрватска, вклучително и погонот во Чаковец. Како причина се наведува промена на развојните приоритети и прераспределба на активностите во рамки на групацијата.

Третата компанија опфатена со мерките е Cellforce, проект фокусиран на развој на високоперформансни батериски ќелии. Иако првично беше замислен како важен чекор на Porsche во батериската технологија, компанијата оценува дека во новите пазарни услови проектот нема доволно одржлива перспектива.

Porsche првично влезе во Cellforce како партнер, а подоцна целосно го презеде проектот, но промените во стратегијата и фокусот на други технолошки насоки доведоа до одлука за негово затворање.

Со овие потези, Porsche продолжува со пошироко реструктуирање на своето работење, сè повеќе насочувајќи се кон клучните сегменти на автомобилската индустрија, додека помалку профитабилните и споредни проекти постепено се укинуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *