Американскиот трговски гигант Walmart започнува широка дигитализација на своите продавници преку воведување електронски ценовни етикети на рафтовите, со план технологијата да биде целосно имплементирана во маркетите низ САД до следната година. Компанијата веќе ја користи новата система во околу 2.300 продавници, каде постепено се заменуваат класичните хартиени ознаки со дигитални дисплеи.

Со новиот систем, цените на производите повеќе нема да се менуваат рачно, туку ќе се ажурираат преку централизирана платформа за само неколку минути. Од Walmart велат дека ова значително ќе ја подобри ефикасноста на вработените и ќе помогне цените на рафтовите постојано да бидат усогласени со оние на касите.

Дигиталните етикети носат и дополнителни функции кои треба да го олеснат секојдневното работење во продавниците. Вработените преку мобилни уреди ќе можат да активираат светлосни сигнали на етикетите за побрзо пронаоѓање производи што треба да се дополнат или подготват за онлајн нарачки. Со тоа се намалува времето потребно за пребарување на артикли и се забрзува услугата кон купувачите.

Компанијата посочува дека новиот систем ќе придонесе и за намалување на грешките, како и за елиминирање на потребата од печатење илјадници хартиени етикети. Ажурирањето на цените најчесто ќе се врши надвор од периодите со најголема посетеност, со цел да се избегнат ненадејни промени за време на пазарењето.

Со автоматизацијата на овој процес, Walmart планира дел од административните задачи да ги пренасочи кон подобра услуга и директна комуникација со потрошувачите, што е дел од пошироката стратегија на компанијата за модернизација на малопродажниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *