Во изминатите месеци нашата мисија беше да не бркаме сензации, туку вистински приказни. Да им дадеме простор на луѓето да зборуваат за својата работа, своите успеси, падови, соништа и животни искуства. Да покажеме дека интервјуто не е само разговор, туку можност некого навистина да запознаете. Во рубриката „Интервјуа“ продефилираа личности од различни професии и генерации – уметници, спортисти, лекари, новинари, претприемачи,програмери, архитекти, младински работници, менаџери, маркетари, професори, инвеститори, хуманитарци и луѓе кои секојдневно оставаат свој белег во општеството. Затоа, денес не велиме само „благодарам“, туку им оддаваме признание на сите што ни ја дадоа својата доверба. Благодарност до Анита, Кирил, Тамара, Павел, Ана, Ангела, Александар, Сара, Петар, Никола, Мартин, Теа, Марко, Ана, Никола, Александар, Елена, Викторија, Гоце, Николче, Ивана, Илија, Гого, Дејан, Маргарита, Кристијан, Мартина, Иван, Ангела, Бојан, Благица, Кети, Јован, Бојан, Александар и Самуел – личности кои преку своите зборови, искуства и размислувања ја направија рубриката „Интервјуа“ препознатлива и вредна за читање. Вашето време, доверба и подготвеност да ги споделите своите размислувања значат многу и за нашата редакција и за нашите читатели. Благодарност и до оние кои културно и искрено ја одбија поканата за интервју. Тоа е право на секого и таквата одлука ја почитуваме. За жал, имаше и такви кои не најдоа време ниту да одговорат на електронската пошта. Не станува збор за тоа дали некој ќе прифати или ќе одбие интервју – тоа е личен избор. Но, да се игнорира порака без каков било одговор не е начин на кој се гради професионална комуникација и меѓусебна почит. Но, како уредник чувствувам обврска да посочам и една појава која не остава добар впечаток. Имаше личности кои ја прифатија поканата за интервју, ги добија прашањата и ветија дека ќе одговорат, но тоа никогаш не го направија. Не станува збор за тоа дали некој сакал или не сакал да даде интервју – тоа е личен избор. Станува збор за почитувањето на дадениот збор и на туѓото време. Доволно беше едно кратко известување дека нема да можат да одговорат. Така постапуваат професионалците. Затоа нема да ги споменуваме со имиња, но веруваме дека ќе се препознаат и дека во иднина ќе покажат поголема одговорност кон медиумите и кон јавноста. Нашата работа продолжува. По кратката летна пауза, од септември повторно се враќаме со уште поинтересни интервјуа, нови лица, актуелни теми и разговори кои ќе инспирираат, информираат и ќе остават трага. Ви благодариме што нè читате, што ни верувате и што сте дел од нашето заедничко медиумско патување. Се читаме повторно во септември. Со почит, Уредникот И.П. Post navigation Билетите за Мундијалот поевтинија за речиси 60 проценти по испаѓањето на САД Волстрит ги пропушти најголемите ВИ-зделки во Хонгконг, каде кинеските банки ја презедоа водечката улога