Дебелината како предизвик на современиот свет: Влијанието врз здравјето, општеството и секојдневниот живот
По повод Светскиот ден на дебелината, ја отвораме темата за еден од најголемите здравствени предизвици на модерното време. Дебелината не е само естетски проблем, туку сериозен фактор кој влијае врз физичкото здравје, менталната состојба и социјалниот живот на поединецот. Недостатокот на физичка активност, неправилната исхрана и недостатокот на едукација се клучни фактори кои придонесуваат за овој проблем, кој во Македонија е сè позастапен, дури и меѓу децата. Во ова интервју разговараме со Кирил, кој веќе долг период работи на подобрување на здравјето и физичката форма на луѓето преку правилна исхрана и вежбање.
Што ве мотивираше да се посветите на фитнесот и нутриционизмот?
Во средно школо почнав да вежбам редовно во теретана. Ми се јави желба тоа хоби да го претворам во кариера. Ден денес го живеам тој стил и им помагам на голем број луѓе да ги постигнат своите фитнес цели преку моите програми за вежбање и мојата iq diet која има цел да ги научи луѓето на правилна исхрана.
Како гледате на дебелината – како здравствен, социјален или психолошки предизвик?
Сите 3. Дебелината предизвикува голем број на здравствени проблеми, со решавање на дебелината здравјето се подобрува значително. Луѓето со прекумерна тежина често се дискриминирани во општеството и се психолошки истрошени и демотивирани.
Затоа треба да ги мотивираме и поддржуваме за да се решат да го направат правиот чекор и да почнат со здрави навики.
Кои се најчестите причини поради кои луѓето се соочуваат со прекумерна тежина?
Многу храна, немање активност и неедуцираност.
Какви здравствени последици носи дебелината и колку е сериозен овој проблем во Македонија?
Дебелината носи голем број на здравствени проблеми: висок притисок, покачен холестерол, срцеви заболувања, дигестивни заболувања, дијабетес, замастување на црниот дроб, остеоартритис и мн други болести.
Македонија има сериозен проблем со дебелина, почнувајки од децата па се до постарите луѓе.
Мора да се работи на едукативна содржина за сите луѓе.
Кои се најчестите грешки што луѓето ги прават при слабеење?
Држење на строга диета. Ова ќе го измачи телото и ќе го успори метаболизмот, резултирајки во брзо враќање на килограмите кога ќе ја прекинеме диетата.
Користејки на разни препарати како чајеви и топачи кои немаат никаков ефект.
Што е поважно за регулирање на телесната тежина – исхраната или вежбањето?
Дефинитивно исхраната.
Кои се трите најдобри навики што секој може да ги воведе за подобро здравје?
Секојдневна лесна активност од типот на: пешањење или возење велосипед.
Рекреативно вежбање 2 до 4 пати неделно.
Фокусирање на нискокалорична, протеинска храна со висок волумен.
Како да се мотивираат луѓето кои долго време се борат со вишок килограми, но без успех?
Имаме едно тело, телото е нашиот храм и немаме резерва. Здравото тело го прави животот значително поубав и поквалитетен. Почнете од денес и најдете начин да се заљубите во процесот.
Како стресот и емоционалното јадење влијаат врз дебелината и како да се контролираат?
Ова има големо влијание и затоа треба да најдеме друг начин за контролирање на стресот. Би препорачал антистрес вежби со дишење и нормално било каков тип на вежбање.
Кој е вашиот совет за луѓето кои сакаат да направат трајна промена во својот животен стил?
Не чекајт. Почнете уште денес со здрави навики и никогаш не прекинувајте да ги применувате.
Запишете се во најблиската теретана, најмете добар тренер и нутриционист кој ќе ви помогне во целиот процес. Можете да побарате помош и директно од мене. Немојте сами, поготово на почеток.
Дали има некои митови за исхраната и вежбањето кои би сакале да ги разбиете?
Најголемите митови се:
- Исфрлање на јаглехидрати за слабеење. Ова е погрешно бидејки се што е важно е за слабеење е калориски дефицит, односно да трошиме повеќе од што внесување.
- Јадење само здрава храна за слабеење. Здравата храна може да биде калорична. Ако количината на храна е голема ние нема да ослабнеме,без разлика што се храниме здраво.
- Да не се јаде после 18 часот. Ова исто е голем мит бидејки не е важно кога јадеме, метаболизмот работи 24/7. Како што кажав претходно важна е само количината на храна внесена во денот.
- Фастинг и рипање на доручек за слабеење. Фастингот е добра алатка за слабеење но сепак мораме да сме во калориски дефицит. Прерипнување на доручекот предизвикува зголемен апетит навечер и тоа доведува до прекршување на диетата.